Top Sport

„Фаулот на Рамос над Салах е мајстроски, сакаше да му ја скрши раката“

Капитенот на Јувентус Џорџо Кјелни смета дека неговиот колега од Реал Мадрид Серхио Рамос е најдобриот дефанзивец во светот.

Кјелини, кој деновиве е актуелен поради својата биографија „Јас, Џорџо“, покрај комплиментите што ги поделил не пропуштил и да испрати провокација до Рамос. Тој го искоментирал стартот на Рамос врз Мохамед Салах во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година.

„Рамос е најдобриот дефанзивец во светот. Велат дека не може да се контролра, дека не ја почитува тактиката, дека осум до 10 гола Реал прима поради неговите грешки, дека е технички добар и дека може да биде напаѓач, но мене не ми делува така. Секако постојат работи што никој друг не ги поседува. Решителен е на големите натпревари, знае да реши голем натпревар, со потези кои се вон секоја логика и со стартови кои ги повредуваат противничките играчи“, рекол Кјелини.

„Фаулот над Салах беше мајсторки потег. Секогаш ќе ви каже дека тоа не му била намерата, но во девет од десет ситуации кога паѓате ќе го повредите противникот ако не му ја пуштите раката. Тоа тој сакаше да го направи“, заклучил капитенот на Јувентус.

Scroll to Top