Top Sport

ЕУРО У-21: Полјаците со „студен туш“ за фаворизираните Италијанци во Болоња

Фудбалската репрезентација на Полска за играчи до 21 година предмалку со 1-0 славеше победа над домаќинот на Европското првенство У-21 Италија и со две победи од два меча е на чело на табелата во групата А.

Полјаците со голот на Биелик во 40 минута ги шокираа домаќините кои важеа за фаворити на мечот.

Залудни беа дури 41 шут на Италијанците кон голот на Полска, но ниеден од нив не го пронајде патот до мрежата.

Полска е прва на табелата со 6 бода, а Италија останува на втората позиција со 3 бода, една победа (над Шпанија со 3-1) и еден пораз, вечерашниот од Полска.

Претходно, во меч од истата А група, Шпанија со гол во 89 минута со 2-1 ја совлада Белгија, па сега и „фуријата“ со три бода во последното коло ќе бара шанса против Полјаците за нокаут-фаза. Белгија има два пораза во двата меча.

Scroll to Top