Top Sport

Фенербахче го „голтна Ефесот“, ќе се игра мајсторка за титулата во Турција

Кошаркарите на Фенербахче попладнево со 85-69 го победија Анадолу Ефес во шестиот меч од финалната серија во турското кошаркарско првенство.

Во тврд натпревар херој на мечот беше српскиот кошаркар Марко Гудуриќ кој постигна 21 поен од кои 4 тројки, некои од нив во клучните моменти во последната четвртина, кога се решаваше прашањето на победникот.

До средината на последниот период од мечот Ефес држеше приклучок, па тогаш домаќините ја засилија одбраната, па со неколку тројки во серија се одлепија на +10 и до крајот рутинирано забележаа нова победа.

Во победничкиот тим освен Гудуриќ, добар беше и Николо Мели со 13 поени, Диксон и Слукас имаа по 11, а Калиниќ реализираше 10 поени.

Кај поразениот тим Мициќ беше солиден со 12 поени, подобар од него беше Ларкин со 16 поени, додека Данстон реализираше 11.

Преостанува да се одигра седмиот меч (мајсторка) за да се одлучи шампионот на Турција во кошарка.

Scroll to Top