Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ја отфрлил можноста, и во иднина европските првенства да се играаат по системот кој е актуелен на ЕУРО 2020.
„Таква идеја нема да поддржам. Toa e комплексна идеја, а не ниту коректна, некои селекции мора да минат и по 10.000 километри, а некои само 1.000 километри. Не е поштено ниту кон навивачите“, рекол Чеферин.
Објаснил дека не било фер навивачите да патуваат од Италија во Азарбејџан во само неколку дена. Тоа беше случај во А-групата.
„Некои навивачи мораа да бидат во Рим, а потоа во наредните неколку дена во Баку. Тоа се четири и пол часа летање. Тешко е тоа. Идејата е интересна, но е тешко остварлива. Мислам дека повеќе никогаш нема да има ваков турнир“.
На актуелното ЕУРО, до крајот остана само уште еден меч. Во недела, од 21 часот за титулата ќе се борат Италија и Англија.