Top Sport

Евер Банега се сели во Арсенал

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Унаи Емери е во потрага по играч кој ќе ја пополни дупката во ростерот што ќе се отвори со заминувањето на Арон Рамзи. Според шпанските медиуми негов избор бил Евер Банега од Севилја.

Истите извори тврдат дека менаџерот на Банега се наоѓал во Лондон, каде требало да ги финализира преговорите околу трансферот.

Банега има 30 години, во минатото успешно соработувал со Емери. Аргентинецот во кариерата играл за Бока Јуниорс, Валенсија, Атлетико Мадрид и Интер.

Арсенал за трансферот на Банега ќе треба да издвои 20 милиони евра.

Scroll to Top