Top Sport

Евертон: Анчелоти е нашиот нов тренер

Фудбалскиот клуб Евертон конечно ги потврди медиумските шпекулации дека Карло Анчелоти е нов шеф на стручниот штаб. Трофејниот Италијанец на „Гудисон“ дојде на местото на Марко Силва.

Анчелоти со „карамелите“ договорил четири и пол годишна соработка. Иако финансиските детали од договорот не се објавени, Англичаните тврдат дека тој ќе заработува четири милиони евра по сезона.

Италијанецот, кој неодамна доби отказ во Наполи, ќе го следи денешниот натпревар помеѓу Евертон и Арсенал, а од утре официјално ќе ја преземе функцијата.

Анчелоти во кариерата освоил 18 трофеи, освојувал шампионски титули во Италија (Милан), Англија (Челси), Франција (ПСЖ) и Германија (Баерн). Два пати со Милан и еднаш со Реал Мадрид победил и во Лигата на шампионите.

Scroll to Top