Top Sport

„Принцот од Неретва“ ја презеде Босна и Херцеговина

Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина објави дека нов селектор на репрезентацијата е Душан Бајевиќ. „Принцот од Неретва“ е легенда на Вележ и на фудбалот во поранешна Југославија.

Душан Бајевиќ на функцијата го наследи Роберт Просинечки кој си поднесе оставка по неуспешните квалификации за пласман на Европското првенство.

Во богата тренерска кариера која трае 35 години ова е првата селекторска работа за Бајевиќ.

Последен тренерски ангажман го имал во Атромитос во 2012 година, а претходно работел во Вележ, АЕК, Олимпијакос, ПАОК, Црвена звезда, Арис и Омонија.

Прва задача за Бајевиќ ќе биде, преку дополнителниот бараж во Лигата на нации, да ја однесе БиХ на ЕУРО 2020.

Scroll to Top