Top Sport

Евертон без мака против Венсдеј

Евертон лесно го мина четвртото коло од ФА купот, триумфирајќи со 3:0 против второлигашот Шефилд венсдеј, за сега да го чека дуелот помеѓу Вајкомб и Тотенхем за да го дознае противникот во 1/16 финалето на најстарото клупско натпреварување на светот.

На „Гудисон парк“, „тофис“ дојдоа во водство преку Доминик Калверт-Луин во 29. минута, по што Ришарлисон во 59. минута и само три минути подоцна Јери Мина ја потврдија победата на тимот на Карло Анчелоти.

Scroll to Top