Top Sport

Евертон дава 35 милиони евра за Евертон!

Клубот Евертон се подготвува да плати 35 милиони евра за на „Гудисон парк“ да го донесе фудбалерот со име Евертон од бразилскиот Гремио.

Според бразилските извори, Евертон (клубот) е подолго време заинтересиран за еден од најдобрите фудбалери на Гремио и подготвени се веќе во јануари да го комплетираат договорот, почнувајќи ги преговорите со неговиот агент Кија Џурабрчијан.

Евертон (фудбалерот) претходно беше на мета на Манчестер сити и Арсенал, а во Евертон (клубот) би се приклучил на своите сонародници во нападот Бернар и Ришарлисон. Сепак, 23-годишниот напаѓач го продолжи договорот со Гремио во октомври со откупна сума од 80 милиони евра во периодот кога за фудбалерот беше заинтересиран и Милан.

Scroll to Top