Top Sport

„Маки“ за Фиорентина – Лече го освои „Артемио Франки“, повреда на Рибери (видео)

Фиорентина на Винченцо Монтела никако да излезе од криза по добриот старт на сезоната, откако на домашен терен загуби со 0:1 од новиот прволигаш Лече, што е нивни трет пораз во низа и четврт натпревар без победа за Виола.

Лошите вести за Монтела почнаа во второто полувреме, кога ветеранот Франк Рибери се повреди и мораше да биде заменет со Кевин-Принс Боатенг, за во 49. минута, Андреа Ла Мантија да постигне убав гол со глава за водство на Лече.

Со поразот, Фиорентина останува на 11. место на табелата со 16 поени, додека Лечеја забележува првата победа по пет меча и сега е на 14. место со 14 поени.

Scroll to Top