Градскиот совет на Ливерпул, едногласно го одобри планот на Евертон за изградба на нов стадион од 500 милиони фунти во Бремли-Мур Док. Сега, планот ќе биде пратен кај британските власти и клубот се надева дека ќе почне со изградба веќе на пролет.
„Карамелите“ играат на својот стадион „Гудисон Парк“ од 1892 година, но сакаат нов стадион за да „оддржат темпо со ривалите од Премиер лигата и да просперираат“. Стариот стадион на Евертон собира 39.414 фанови, додека новиот има планиран капацитет од 52.888 седишта. Целта е да се преселат на новиот стадион пред стартот на сезоната 2024/25.
Плановите на газдата на Евертон, Фархад Мошири, е постојано да се борат за топ 6 пласман и европски фудбал, и со нов стадион би имале повеќе профит од продажбата на билетите.