Top Sport

Лукаку одговори за провокациите со Ибра: Понекогаш зборувам премногу од адреналинот

Ромелу Лукаку одговори за прославата на голот со кој го запечати триумфот на Интер над Милан од 3:0 и потоа врескаше покажувајќи кон Златан Ибрахимовиќ, признавајќи дека „зборува многу ср.ња“.

По постигнувањето на голот, Белгиецот отиде кај корнер знаменцето и викаше или „Dio“ или „Io“ – Бог и Јас на италијански, и денеска кога одговараше на прашања на Твитер од своите фанови, не откри што точно кажал, но призна дека малку се занел.

„Човеку, кажував многу ср.ња. Адреналин, изгледа“, одговори Лукаку.

Тој исто така зборуваше за односите со сегашниот менаџер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, кој го пушти да замине во Италија.

„Му оди добро. Момци, мора да знаете дека го сакам како менаџер и како личност и му посакувам само најдобро“, додава Лукаку.

Лукаку кон Златан: Јас сум, јас сум! Е.ано најдобриот!

Scroll to Top