Top Sport

Евертон ги имал на „тацна“ Робертсон, Мегвајр и Халанд, ама…

Челниците на премиерлигашот Евертон имале можност во екипата да имаат три екстраквалитетни фудбалски ѕвезди, но поради погрешната политика сега конкурираат на „листата на киксери“.

Од Лестер го доведоа Стив Волш да биде спортски директор, човекот кој освои шампионска титула во ПЛ со речиси анонимни фудбалери (Лестер Сити), а неговите препораки ги занемариле.

Волш кој беше разрешен од должноста минатата година откри некои ситуации кои ги имаше со челниците на Евертон.

„Им ги понудив Ендру Робертсон и Хари Мегвајр уште додека беа во Хал. Требаше да платат само 20 милиони фунти за двајцата. Одлучија да не го прифатат мојот предлог“ – рече Волш.

Робертсон сега е дел од Ливерпул, стана шампион на Европа, а Мегвајр е моментно најскапиот стопер во светот, член на Манчестер Јунајтед.

Но тука не е крајот на промашувањата на „карамелите“.

Екипата од Ливерпул можела во своите редови да го има и Норвежанецот Ерлинг Халанд ( Салцбург) кој е откритие на овосезонската ЛШ.

„Ерлинг Халанд и неговиот татко беа кај мене во клубот, трансферот беше договорен за 4 милиони евра. Од Евертон не ме поддржаа. Имав завршена работа и со Џони Еванс, пред да отиде во Лестер, но и него не сакаа да го земат“ вели Волш.

Scroll to Top