Top Sport

Матео Ковачиќ: Не давам многу голови, до менталитетот е!

Хрватскиот фудбалер од средниот ред кој е првотимец на лондонски Челси, Матео Ковачиќ ги преживува најдобрите моменти од како е дојден во Лондон.

Неговата професионална кариера започна пред 9 години, кога имал 16 години, во Динамо Загреб, раскажува фудбалерот за Челси ТВ.

Хрватот во последните неколку месеци ја демонстрираше сета ширина на играчките способности, неговата визија и прецизните додавања.

„Моја работа е да им отворам простор на другите. Тоа е мојата голема сила, а оваа сезона играм поразлично од другите сезони. Подиректен сум, агресивен, се обидувам работи кои минатата сезона не ги испробував. Подобро се чувствувам, мислам дека мојата идеална позиција е во срцето на средниот ред, како еден од двајца или тројца играчи“ – вели Ковачиќ.

Хрватскиот фудбалер вели дека во Интер пробудал да биде на различни позиции, некогаш како плејмејкер, а некогаш како страничен фудбалер, но вели дека во Челси конечно го најде своето место.

„Тоа беше проблем за мене во кариерата, се се случуваше пребрзо. Имав 3 сјајни но тешки години во Мадрид. Играв, но и не играв. Немав континуитет на настапи како овде. Уживав, освоивме 3 титули во ЛШ, но Челси дојде во најдобар момент за мојата кариера“ – истакна тој.

Ковачиќ е квалитетен играч со топка во нозете, но постои еден сегмент кој му недостасува, а тоа се головите. Нема дадено гол ниту за клуб, ниту за репрезентација уште од 2017 година.

„Најважниот гол е оној првиот. Во Интер погодив многупати. Никогаш немав притисок дека морам да давам голови, но секако дека работам на тоа да се поправам и како стрелец. Мојот тренер е најдобриот играч од среден ред-стрелец во историјата на фудбалот, тој вели дека морам да шутирам и јас го слушам. Тоа е едноставно до менталитетот. Потребно е да се биде агресивен и да се има глад за голови“ – вели Ковачиќ.

Scroll to Top