Top Sport

Евертон го добија младиот бек Нкунку

Евертон го комплетираа трансферот на францускиот У-19 репрезентативец, Нилс Кунку на слободен трансфер од Марсеј, успевајќи да го победат Јувентус во борбата за еден од најталентираните млади дефанзивци.

19-годишниот Нкунку потпишал тригодишен договор со Евертон, откако во 2018/19 играше за Б-тимот на Марсеј, а беше поврзуван со трансфер во Јувентус пред Карло Анчелоти да го убеди да дојде на „Гудисон парк“.

„Нилс е млад и талентиран фудбалер кого го следиме со месеци. Сега ќе треба да учи од Лукас Дињи и Лејтон Бејнс и да се пробие во првиот тим слично како Доминик Калверт-Луин и Мејсон Холгејт“, вели спортскиот директор на Евертон, Марсел Брендс.

Scroll to Top