Фудбалскиот клуб Евертон го договорил првиот трансфер за наредната сезона. Нов играч на тимот што го предводи Карло Анчелоти ќе биде Бразиелцот Габриел дос Сантош Магалаеш.
Евертон договориле соработка со одбранбениот фудбалер до 2025 година. За да биде комплетиран трансферот Евертон и Лил треба да усогласат уште некои ситни детали.
Габриел има 22 години, играч на Лил е од 2017 година. Сезонава одиграл 34 натпревари на кои постигнал два гола.