Евертон не успеа да го оддржи темпото со градскиот ривал Ливерпул оставајќи ги сами на врвот на Премиер лигата, откако на гостувањето на „Сент Џејмс парк“ во Њукасл загубија со 2:1.
Откако во подоброто прво полувреме за нив не постигнаа гол, тимот на Карло Анчелоти во 56. минута губеа со 0:1, откако Калам Вилсон беше сигурен од белата точка по невнимателниот старт на Андре Гомеш. Иницијативата повторно беше кај „карамелите“, пред сите надежи за камбек да ги уништи Вилсон со гол од контранапад во 84. минута. Доминик Калверт-Луин во 91. минута намали на 2:1, но веќе немаше време за целосен пресврт.
Евертон останува втор со 13 освоени поени, меѓутоа сега Ливерпул бега три поени на првото место, додека Њукасл се на 10. место со 11 поени.