Top Sport

Евертон го купија Нил Мопе од Брајтон

Евертон го потврдија трансферот на францускиот напаѓач Нил Мопе од Брајтон како шесто засилување во летниот преоден рок на тимот на Френк Лампард.

26-годишниот Мопе, кој потпиша тригодишен договор со „карамелите“ треба да биде опција во нападот по заминувањето на Ришарисон во Тотенхем и шпекулациите околу Ентони Гордон и понудата од Челси. Мопе, кој нема да може да настапи утре против Брентфорд, постигна 8 гола минатата сезона за Брајтон.

Мопе е шесто засилување на Лампард по Џејмс Тарковски, Двајт Мекнил, Амаду Онана, Рубен Винагре и Конор Коуди.

Scroll to Top