Top Sport

Евертон го отпуштија Френк Лампард

Френк Лампард доби отказ од позицијата менаџер на Евертон, откако славниот клуб е заглавен на 19. место во Премиерлигата со осум порази во последните девет меча во сите натпреварувања.

Последна капка беше 2:0 поразот од Вест хем, по кој Евертон имаат само 15 поени од 20 меча во Премиерлигата оваа сезона. Лампард бил на состанок со газдата Фархад Мошири и претседателот на клубот, Бил Кенрат и прифтил дека мора да има промена по катастрофалната форма на тимот. Додека се бара замена за Лампард, легендата на клубот, Лејтон Бејнс, кој работи во У-18 тимот и тренерот на У-21 тимот, Пол Тејт ќе ги преземат работите на „Гудисон парк“.

44-годишниот Лампард, кој лани успеа да обезбеди опстанок во лигата со неколку драматични победи во финишот на сезоната, си заминува со само 12 победи во 44 меча со Евертон и со 23 порази. Тој пристигна во клубот од Ливерпул во јануари 2021 како замена за Рафаел Бенитез, откако паузираше една година по отказот кој го доби во Челси.

Поранешниот прв човек на Барнли, Шон Дајч е фаворит кај англиските букмејкери, но во игра се и Вејн Руни, Данкан Фергусон и Нуно Еспирито Санто.

Scroll to Top