Top Sport

Евертон им „откина“ поени на Челси

Иако пред неколку кола беа лидери на Премиерлигата, Челси повторно загуби поени, одигрувајќи само 1:1 со Евертон на „Стемфорд Бриџ“ за да заостануваат четири поени зад Манчестер сити по 17 одиграни натпревари.

Пред стартот на мечот, Томас Тухел, како повеќето премиерлигашки менаџери имаше проблеми со новите позитивни тестови на корона вирусот, откако Калам Хадсон-Одои, Тимо Вернер и Ромелу Лукаку беа позитивни.

За првиот гол се чекаше до 70. минута, кога Мејсон Маунт ги донесе „сините“ во водство, но само четири минути подоцна, тинејџерот Џарад Брентвајт успеа да израмни за тимот на Рафа Бенитез.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top