Top Sport

Евертон има нови сопственици

Американскиот фонд „777 Партнерс“ денеска и официјално стана мнозински сопственик на Евертон, објави англискиот клуб на својата официјална веб-страница.

Фондот „777 Партнерс“ е сопственик на неколку клубови како Севилј, Херта Берлин и Стандард Лиеж.

Британско-иранскиот бизнисмен Фарад Мошири одлучи да го продаде својот дел. Мошири беше сопственик на 94 отсто од акциите во Евертон.

Мошири има инвестирано повеќе од 750 милиони фунти во клубот од Ливерпул од 2016 година.

Scroll to Top