Фудбалерите на Евертон забележаа победа на отворањето на деветтата рунда во Премиер лигата. „Карамелите“ како домаќини го победија тимот на Вест Хем со 2:0. Избраниците на Марко Силва ја забележаа победа по серијата од четири порази.
Играчите на Евертон доминираа во текот на целиот натпревар, не реализираа неколку изгледни шанси, а два пати ја погодија и гредата од голот на Вест Хем.
Триумфот го најави Бразилецот Бернард кој во 17 минута изведе вистинска минијатура, а ја потврди Сигурдсон во 92 минута, пет минути по влегувањето на теренот.
Во наредната рунда Евертон ќе гостува во Брајтон, а Вест Хем ќе го пречека Шефилд Јунајтед.