Евертон доби казна од 30.000 евра од УЕФА откако еден нивни навивач го тепаше голманот на Лион, Антони Лопес во меч од Лигата на Европа минатиот месец.
Во шокантните сцени на „Гудисон Парк“, навивачот на Евертон, кој во едната рака го држеше своето дете, се обидуваше да го удри Лопес, откако дефанзивецот на „карамелите“, Ешли Вилијамс се судри со голманот.
30-годишниот навивач доби доживотна забрана за гледање на мечевите на Евертон.