Англискиот премиерлигаш Евертон склучи партнерски договор со данската компанија за спортска опрема „Хумел“, попозната по соработката со повеќе ракометни клубови (вклучувајќи го и РК Вардар), со кој ќе добива 30 милиони фунти годишно во период од три сезони.
„Карамелите“ оваа сезона носеа дресови на „Умбро“, а се верува дека ќе имаат и нов спонзор напред на дресовите по прекинот на соработката со кениската компанија за обложување „СпортПеса“ со која соработуваа последните три сезони.
„Хумел“ во фудбалот е застапен како производител на дресови за данската репрезентација, Брага во Португалија и Глазгов Ренџерс во Шкотска, а претходно имаа договори со Тотенхем и Астон вила.