Top Sport

Канте се плаши од корона вирусот, нема да тренира со Челси

Н’Голо Канте решил да не учествува во тренинзите од „првата фаза“ со тимот на Челси поради стравот од корона вирусот и клубот му дозволил да работи според сопствената програма.

Французинот во вторникот се појави во седиштето на клубот во Кобем, но одбил да се врати во средата и британските медиуми тврдат дека тој е нервозен поради КОВИД-19. Менаџерот Френк Лампард целосно го сфаќал 28-годишниот фудбалер од средниот ред и го поддржува.

Според британската статистика црните мажи и жени во Британија имаат двојно поголеми шанси да починат од КОВИД-19 од белите луѓе, што е една од главните причини за Канте, кој има потекло од Мали, да одбие да тренира.

Тој веќе добил програма за домашен тренинг од Лампард.

Scroll to Top