Top Sport

Евертон ќе им ги враќа парите на навивачите

Фудбалскиот клуб Евертон се понуди да им ги врати парите на навивачите кои имата билети за преостанатите натпревари кои клубот ќе ги одигра на домашен терен. Сезоната во Премиер лигата е прекината на 13 март поради коронавирусот, а се уште не е познато кога би можела да продолжи.

Доколку сезоната во Англија заврши на фудбалските терени тоа ќе се случи пред празни трибини, поради тоа Евертон се понуди да им ги врати парите на своите фанови.

„Сите навивачи кои имаат влезници за преостанатите пет домашни натпревари можат да си ги добијат парите назад, доколку сезоната продолжи“, стои во клупското соопштение.

Евертон ќе им понуди на навивачите да добијат попуста за наредната сезона или парите да бидат проследени во клупскиот хуманитарен фонд.

Опцијата да им ги вратат парите на своите навивачи веќе им ја понудија Манчестер сити, Норич и Брајтон.

Scroll to Top