Top Sport

„Меси и Кристијано не можат да се споредат со Роналдо“

Кој е најдобриот фудбалер на сите времиња? Пепе, Јохан Кројф, Франц Бекенбауер, Диего Марадона, Роналдо Назарио да Лима, Лионел Меси, Кристијано Роналдо… Дебатите по ова прашање никогаш нема да престанат. Јасно е само дека секоја генерација има свој херој.

Кога ќе се покрене дебатата никој не може да го побие факто дека никогаш во историјата на фудбалот немало двајца играчи кои во исто време толку долго доминирале на теренот.

Поради тоа се чини дека кога ќе се покрене прашањето кој е најдобриот најголемиот дел мислат на Меси или Кристијано Роналдо.

На прашањето одговорил и легендарниот Бразилец Роберто Карлос. Според него Аргентинецот и Португалецот не можат да се споредат со неговиот сонародник Роналдо.

„Роналдо доминираше и на тренинзите. Беше најдобар. Никој никогаш нема да биде како него. Никој нема да биде како Ил Феномено. Ниту Нејмар, ниту Кристијано, ниту Меси не можат да се споредат со него. Тој е уникатен“, рекол Робарто Карлос.

„Мислам дека потешко беше да се постигне гол во наше време, дефанзивците беа силни. Сепак Роналдо можеше да направи се што ќе посакаше“, дополнил Роберто Карлос.

Роберто Карлос и Роналдо бае дел од бразилската репрезнетација која го освои Светското првенство во 2002 година.

Scroll to Top