Top Sport

Евертон ќе остане без бодови?

Фудбалскиот клуб Евертон се соочува со одземање на бодови бидејќи на недозволен начин го контактирале Марко Силва, додека тој бил тренер на Вотфорд и под договор со овој клуб.

Раководството на Вотофорд, кон крајот на минатата сезона му врачи отказ на Силва, но тврдат дека во текот на сезоната тој постојано бил во контакт со Евертон.

Иако немале право да го контактираат, челниците на Евертон, редовни средби и телефонски разговори со Силва. на крајот португалскиот тренер навистина заврши во Евертон.

„Тајмс“ , пишува дека истрагата е во тек и доколку се докаже дека челниците на Евертон нелегално го контактирале Силва, тогаш на „карамелите“ ќе им бидат одземени бодови.
Евертон, со Силва, на кормилото добро влезе во новата сезона. По првите четири кола „карамелите“ немаат пораз.

Scroll to Top