Top Sport

Евертон може да бидат казнети со поени, со што сигурно ќе завршат во втора лига

Шансите Евертон да испадне од елитата се огромни, откако според „Дејли мејл“, Премиерлигата очекува да го заврши случајот за финансиски нерегуларности во клубот пред крајот на сезоната, по што може да им досуди одземање на поени.

Евертон имаа комбинирана загуба од 371 милиони фунти во период од три сезони, со што го прекршија правилото за финансиски ферплеј на лигата, која дозволува загуба од 105 милиони фунти во тој период. „Карамелите“ најавија дека ќе се бранат до крај против сите казни.

Тимот на Шон Дајч е само два поени над зоната за испаѓање во Премиерлигата, а четирите клуба зад нив имаат натпревар помалку, така што секоја казна со поени може да биде одлучувачка во интересната битка за опстанок. Премиерлигата завршува со натпреварувања на 28 мај.

Scroll to Top