Фернано Алонсо не се согласува со својот стар ривал Луис Хамилтон дека болидот на Ред бул од 2023 година е меѓу најбрзите болиди во историјата, велејќи дека има кратка меморија.
Асот на Мерцедес, седумкратниот шампион Хамилтон по Саудиското ГП пред две недели изјави дека Ред бул го имаат „најбрзиот болид“ кој тој го видел кој е далеку побрз од болидите со кои Мерцедес доминираа во спортот од 2014 до 2021. Алонсо, во интервју за „Л’Екип“, не се согласува.
„Воопшто не се согласувам. Во Саудиска Арабија завршив 20 секунди зад Чеко и Макс. Луис и Розберг беа една минута пред конкуренцијата во 2014 и 2015. Тој има кратка меморија… Остарел… Со нормален болид, гледате дека и тој има слабости. Претходно возеше сам или со својот колега. Видете, тој е рекордер по бројот на пол-позиции, но Џорџ Расел има 2-0 предност во двете трки оваа сезона. Тоа само покажува колку е важен болидот во Ф1“, вели Алонсо