Компанијата за производство на канабис и канабидиол (ЦБД), „Свисекс“ е во преговори со Евертон за спонзорски договор со кој компанијата би се покажувала на дресот на клубот од Ливерпул, тврди директорот на компанијата, Алки Дејвид.
Милијардерот Дејвид веќе беш на насловните страници минатиот месец кога се тврдеше дека тој и поранешниот шампион во тешка категорија Мајк Тајсон се бизнис партнери и преговараат со Барселона за правата за именување на стадионот на „Ноу камп“. На крајот се откри дека „Тајсон ренч“ немаат бизнис врска со „Свисекс“.
Сега, Дејвид вели дека преговара со Евертон за претставување на неговиот бренд.
„Не се откажувам уште од Барселона и ја оставам вратата отворењна, но сега сме фокусирани на договорот со Евертон. Ќе изгледа убаво на нивниот син дрес. Кога дојдов во Англија, сите навиваа за Манчестер јунајтед и Ливерпул и беа црвени. Но, мене ми се допаѓа сината боја“, вели Дејвид во интервју за „Инсајдер“.