Top Sport

Евертон одби апсолутно неверојатни 85 милиони фунти од Барса за Ришарлисон!

Англиските медиуми објавија дека Евертон одбиле фантастична понуда од 85 милиони фунти за бразилскиот напаѓач Ришарлисон од страна на каталонскиот гигант Барселона.

На Барса им е потребен напаѓач поради повредата на Луис Суарез и се обидуваа во јануари да го донесат Родриго од Валенсија, а сега според „Скај спорт“, тие дале неверојатна понуда, која уште поневеројатно била одбиена од Евертон со порака дека тие планираат да го засилуваат тимот, а не да продаваат фудбалери.

Ришарлисон дојде во Англија во август 2017 година, кога потпиша за Вотфорд со голема репутација во Бразил, пред минатото лето да се пресели на „Гудисон парк“ каде што повторно работеше со Марко Силва за 50 милиони фунти. 22-годишниот напаѓач имаше 13 гола минатата сезона, а сега има осум во досегашната сезона и стана еден од најважните фудбалери во тимот на Карло Анчелоти.

Scroll to Top