Top Sport

Данил Шишкарев официјално потпиша со Веспрем

Руското  десно крило на Вардар, Данил Шишкарев ќе ја продолжи кариерата во Веспрем, потврди унгарскиот клуб, додавајќи дека тој потпишал двегодишен договор и таму ќе работи со својот поранешен тренер Давид Дејвис.

Шишкарев дојде во Вардар од Чеховски медведи, а со „црвено-црните“ освои две титули од Лигата на шампионите, пет национални шампионати и три трофеи од СЕХА-лигата.

Дека во Веспрем работат на формирање на тим кој конечно ќе ја освои Лигата на шампионите покажува и потврдениот трансфер на уште еден поранешен вардарец, Хорхе Македа, кој доаѓа од Пик Сегед.

Со неговиот трансфер уште повеќе ќе се зголемат шпекулациите околу иднината на РК Вардар и спонзорирањето од рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.

Scroll to Top