Top Sport

Евертон победи кај Лестер, сега Лидс е во зоната за испаѓање!

Борбата за опстанок во Премиерлигата ќе биде супер-интересна во последните две кола, откако попладнево, Евертон успеа да стигне до клучна 2:1 победа на гости кај Лестер, за да ги „втурне“ Лидс во зоната за испаѓање, по нивниот 2:1 пораз на „Емирати“ кај Арсенал.

Виталиј Миколенко постигна фантастичен гол во 6. минута, негов прв во дресот на „карамелите“, но Лестер  одговорија само пет минути подоцна со нов гол на Патсон Дака. Мејсон Холгејт ги осигура трите поени за тимот на Френк Лампард во 30. минута по обидот на Ришарлисон.

Во Лондон пак, Еди Нкетија постигна два гола во првите 10 минути од мечот Арсенал-Лидс, а гостите останаа со играч помалку по бруталниот старт на Лук Ејлинг во 27. минута од мечот. Диего Љоренте во 66. минута успеа да намали на 2:1, но гостите немаа сили за пресврт.

Со овие резултати, Евертон се искачува на 16. место на табелата со 35 поени, пред Барнли и Лидс со 34 и имаат натпревар помалку од двата ривали. Вотфорд и Норич веќе се второлигаши.

Вест хем со убедливата 4:0 победа кај Норич, пак, останаа на седмото место со 35 поени, но се доближија на само три до Манчестер јунајтед пред нив и тоа со натпревар помалку, со што можат да ги остават „ѓаволите“ без пласман во Лига Европа, туку само засрамувачки настап во Конференциската лига. Арсенал на четвртото место имаат 66 поени, четири пред Тотенхем пред дербито на северен Лондон во четврток.

ПРЕМИЕРЛИГА, 36.КОЛО

Арсенал – Лидс 2:1

Лестер – Евертон 1:2

Норич – Вест хем 0:4

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top