Top Sport

Евертон подготвуваат сензационален трансфер на Филипе Кутињо!

Филипе Кутињо може да се врати во Ливерпул, но наместо повторно да го облече црвениот дрес, тој може да заврши во омразените ривали Евертон, откако Карло Анчелоти го убедува да прифати трансфер, тврди „Марка“.

28-годишниот Бразилец беше миленик на публиката на „Енфилд“ со над 200 меча, пред на почетокот на 2018, Барса да плати 145 милиони евра за него. Меѓутоа, животот во Каталонија не се погоди на Кутињо, кој помина една сезона на позајмица во Баерн Минхен, а оваа сезона по враќањето на „Ноу Камп“ доби повреда на коленото поради која уште е во аут.

Според „Марка“, Евертон планираат да дадат понуда од 35 милиони фунти за да ја „тестираат“ Барса ова лето, бидејќи е познато дека каталонскиот клуб се обидува да ги намали трошоците и да се ослободи од фудбалерите кои не се клучни.

Карло Анчелоти се надева дека Евертон ќе обезбеди европски фудбал следната сезона за да го убеди Кутињо да дојдеа на „Гудисон Парк“, откако претходно успеа да го донесе Хамес Родригез од Реал Мадрид минатото лето.

Scroll to Top