Top Sport

УФЦ: Видман го покажа рентгенот од страшната скршеница

УФЦ фајтерот Крис Видман се „пофали“ со рентген снимка на неговата скршена нога пред операцијата која ја имаше по неверојатниот малер кој го имаше на УФЦ 261 во саботата.

Американскиот ветеран од средна категорија доби една од најстрашните повреди во ММА кафезот, кога по само 17 секунди ја скрши ногата на две места во обид да го удри ривалот Јураја Хол.

36-годишниот фајтер, кој претходно двапати го имаше победено легендарниот Андерсон Силва, се пофали со рентген снимката, а неговата сопруга сподели фотографија од него во болнички кревет по операцијата.

УФЦ хорор – страшна скршеница на ногата на Крис Видман (вознемирувачко)

Scroll to Top