Top Sport

Евертон понудиле играч и 60 милиони евра за Заха

Евертон би можеле да му им ја расипат работата околу потенцијалниот трансфер на Виврид Заха. „Карамелите“ им понудиле на Кристал Палас паи и еден играч за Заха, објави „Скај Спорт“.

Кристал Палас немале потреба да го продаваат Заха, исклучок би направиле само доколку стигне понуда од 80 милиони евра. Понудата од Арсенал е двојно помала, додека Евертон понудиле 60 милиони евра и еден играч чие има засега не е познато.

Заха сака по четири и пол години да го напушти Кристал Палас, но исто така сака да остане и во Лондон, а наводно неколку пати рекол дека сака да игра во Арсенал.
Фудбалерот роден во Абиџан, Брег на Слоновата коска, досега во кариерата има постигнато 53 гола на 323 натпревари.

Scroll to Top