верЕвертон ја отфрлиле можноста Рафаел Бенитез да стане тренер на клубот поради лутата реакција на навивачите за Шпанецот, кој да потсетиме освои Лига на шампиони со лутите градски ривали , Ливерпул.
Навивачите на Евертон по првичните шпекулации за преговори со 61-годишниот Бенитез, поставија низа на банери околу „Гудисон парк“, и газдата на клубот Фархад Мошири решил да не му понуди договор на тренерот. Навивачите уште не ја заборавиле неговата изјава во февруари 2007 по 0:0 ремито со Ливерпул кога ги нарече „мал клуб“.
Евертон уште нема најдено замена за Карло Анчелоти, кој ја прифати понудата за враќање во Реал Мадрид, а пропаднаа и преговорите со поранешниот менаџер на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто, кој сега преговара со Тотенхем.