Top Sport

Манчестер сити испратиле официјална понуда за Кејн

Хари Кејн изрази желба, летово, да го напушти Тотенхем. Манчестер сити не кријат дека сакаат да го видат Англичанецот во своите редови.

Инсајдерот за трансфери, италијанскиот новинар Фабрицио Романо, објави дека Манчестер сити во Тотетнхем ја испратиле првата понуда за Кејн.

Официјалната понуда на Сити изнесува 100 милиони фунти, плус еден фудбалер. Од кого се подготвени „граѓаните“ да се откажат, Романо не открива. Англиските медиуми шпекулураат дека Пеп Гвардиола, би го понудл Рахим Стерлинг или Габриел Жесус.

Договорот на Кејн со Тотенхем, истекува наредното лето. Актуелниот преоден рок е последна шанса Тотенхем да заработат од трансферот на најдобриот играч.

Scroll to Top