Top Sport

Евертон се врати на победите против Лидс, Вотфорд чекор поблиску до втората лига

Евертон на Френк Лампард се врати од четири порази во низа за да стигне до убедлива 3:0 победа над Лидс за враќање на оптимизмот на „Гудисон парк“ по сериозните шанси за испаѓање од лигата.

Шејмус Колмен уште во 10. минута ги донесе „карамелите“ во водство во атомскиот старт на тимот, за во 23. минута Мајкл Кин да зголеми на 2:0. Трите поени беа осигурани во второто полувреме кога Ришарлисон во 78. минута го постави конечниот резултат.

Ако Евертон бега од Чемпионшип, тоа не може да се каже за Вотфорд, кои и под Рој Хоџсон ја продолжуваат серијата на лоши резултати по 0:2 домашниот пораз од Брајтон. Нил Мопе во 44. минута и Адам Вебстер во 82. минута ги донесоа трите поени за гостите.

ПРЕМИЕРЛИГА, 24.КОЛО

Евертон – Лидс 3:0

Брентфорд – Кристал Палас 0:0

Вотфорд – Брајтон 0:2

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top