Англискиот премиерлигаш Евертон нема да успее да го донесе бразилскиот фудбалер со исто име како клубот (Евертон), откако се верува дека Бенфика се блиску до трансфер од 20 милиони евра за напаѓачот на Гремио.
24-годишниот Евертон подолго време беше поврзуван со трансфер во Премиер лигата, но европската кариера најверојатно ќе ја продолжи во Португалија, откако Бенфика се согласиле да им предадат 15 отсто од секој иден трансфер на Бразилецот.
Карло Анчелоти и Евертон беа заинтересирани за Евертон во зимскиот преоден рок, бидејќи им е потребен уште еден напаѓач откако Доминик Калверт-Луин и Ришарлисон имаа по 13 гола во ПЛ во 2019/20.
Клучен човек во трансферот наводно е новиот тренер на Бенфика, а досегашен прв човек на Фламенго, Жорге Жесус. Бенфика беше втора зад Порто во Примиера и во купот на Португалија. Евертон имаше 15 гола и 7 асистенции во 42 настапи за Гремио, а во 2018 година дебитираше во бразилската репрезентација, освојувајќи ја Копа Америка.