Евертон стигна до важен триумф откако на „Гудисон парк“ го совлада Манчестер Јунајтед со 1:0. Тоа е голем поттик за тимот на Френк Лампард во борбата за опстанок во Премиерлигата.
Ентони Гордон во 27.минута беше стрелец на победничкиот гол за Евертон. Тој упати силен удар од дваесетина метри, топката удри во Хари Мегваер и го смени правецот изненадувајќи го Давид де Хеа.
Гостите имаа шанса за израмнување во судиското продолжение, шутираше Кристијано Роналдо, но Пикфорд успеа да одбрани.