Top Sport

Евертон во неверојатен обид да го добијат Обамејанг во јануари

Очајни за напаѓач, Евертон се подготвени да одат на „големо“ и во јануари да се обидат да го донесат Пјер-Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд на „Гудисон Парк“.

Според „Дејли мирор“, управата на Евертон одвоила 60 милиони фунти за Сем Алардајс за потерата за Обамејанг, кој би бил совршена замена за Ромелу Лукаку, кој летото замина во Манчестер јунајтед.

Иако Евертон не се во Лигата на шампионите, клубот има доволно пари за големи засилувања, откако на Алардајс му дадоа плата од 6 милиони фунти годишно, повисока од повеќето менаџери во Европа.

Обамејанг и покрај фантастичната форма, постојано е во конфликт со управата на Борусија Дортмунд, која неодамна го суспендираше поради доцнење на тренинг. Неодамна, тренерот Петер Бос изјави дека не би сакал да се раздвои од напаѓачот и покрај јавно прокламираниот интерес на Реал Мадрид да го земе Габонецот. Останува да се види дали „карамелите“ ќе успеат да остварат рекорден трансфер за тимот од Ливерпул во јануари.

Бос: Обамејанг е ужасен, Реал ич не го сакаат!

Scroll to Top