„Скај Спортс“, објави помалку неверојатна информација, дека во Евертон би можел да пристигне играч на Ливерпул. Трансферот ќе биде историски доколку биде реализиран.
Влијателниот британски медиум, открива дека Евертон е заинтересиран за талентираниот крилен играч Бен Доак (19).
Откако е формирана Премиер лигата во 1992 година, Евертон никогаш не реализирал трансфер на фудбалер од редовите на градскиот ривал.
Доак блесна минатата сезона во дресот на Мидлсбро како позајмен играч, а сега се зборува за негов можен трансфер во Евертон.
Ипсвич и Кристал Палас се обидоа да го донесат Шкотланѓанецот во јануари. Сепак, Ливерпул ги одби сите понуди за репрезентативецот на Шкотска, па прашањето е дали ќе ризикуваат, односно дали ќе му препуштат на Евертон еден толку талентиран фудбалер.
Ако трансферот се реализира, тој ќе влезе во историјата на Премиер лигата бидејќи Доак ќе стане првиот играч што се преселил од Ливерпул во Евертон откако е воспоставен сегашниот формат на елитното натпреварување во 1992 година.
Последниот играч што се преселил од Ливерпул во Евертон бил Гари Аблет во трансфер тежок 800.000 евра.
Тоа беше непосредно пред формирањето на Премиер лигата.
Од друга страна, последниот играч кој директно од Евертон направи трансфер во Ливерпул беше Португалецот Абел Ксавиер во јануари 2002 година.