По изјавата на Кристијано Роналдо дека не би било проблем да има вечера со својот вечен ривал Лионел Меси, се јави поранешниот соиграч на Португалецот, Патрис Евра, предупредувајќи го Аргентинецот да не оди на ваква „егзибиција“.
Причината? Евра веќе ја имаше кажано и порано – кога беа соиграчи во Манчестер јунајтед, Роналдо го поканил на вечера, која полека станала вистински тренинг. Евра неколку пати зборуваше за бескомпромисниот начин на работа на ЦР7, а откако се сретнаа на ждрепката за ЛШ во Монако вчера, тој со фотографија со Португалецот јасно порача:
„Кристијано: Доаѓаш ли на ручек? Јас: Благодарам, но јас само што се пензионирав и не ми треба уште еден тренинг“, напиша Евра.
? @Cristiano: “Are you coming for lunch or no?”
Me: “Thank you but I just retire so I don’t need another training session.” ? pic.twitter.com/Bv9PdyIo3S
— Patrice Evra (@Evra) August 29, 2019