Top Sport

Шаќири и откажа на Швајцарија да се фокусира на Ливерпул

Иако досега немаше настап за Ливерпул во Премиер лигата, Џердан Шаќири реши да го откаже повикот на швајцарскиот селектор Владимир Петковиќ за да се фокусира на добивање на место во првиот тим.

Швајцарија треба да игра со Ирска и Гибралтар, но 27-годишниот Шаќири, кој има 82 настапи за националниот дрес за да се обиде да го убеди Јирген Клоп дека треба да добие место во првиот тим. Лани, Шаќири имаше 24 настапи во Премиер лигата, во првата сезона по трансферот од Стоук сити, но досега оваа сезона има само еден меч, кога влезе како замена во Комјунити Шилд против Манчестер сити.

„На тренинзи, Шаќири не мора да се подобри во нивото на работа ако продолжи вака. Знам дека сака да игра и тој знае дека ќе ми треба“, изјави Клоп.

Scroll to Top