Top Sport

Евра: Кој е Рангник, дали е тренер? Освоил ли нешто во животот?

Патрис Евра не смета дека Ралф Рангник е добро решение за тренерската позиција во Манчестер јунајтед.

Евра, бил еден од гостите во студиото на „Амазон прајм“, заедно со Тиери Анри и Алан Ширер го коментирал дербито Манчестер јунајтед-Арсенал (3:2).

„Кој е Рангник? Дали тој воопшто некогаш бил тренер? Дали тој освоил нешто во животот? Мислам дека тој би требало да биде директор, да работи во академијата, да учи деца“, рекол Евра и дополнил.

„И Ковар да стане тренер на Јунајтед јас ќе го поддржам, што значи дека ќе го поддржам и Рангник, но исто така мислам дека треба да се почитува историјата на овој клуб“.

Scroll to Top