Top Sport

Евра: Ми се лоши од помислата уште еднаш да му дадеме „Златна топка“ на Меси

Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Патрис Евра вели дека му е мака да го гледа Лео Меси како уште еднаш ја добива „Златната топка“ како најдобар фудбалер на светот, додавајќи дека има двајца фудбалери кои ја заслужуваат, но чудно, не споменувајќи го неговиот близок пријател Кристијано Роналдо.

Иако минатата сезона Меси беше во Барселона, кои имаа потпросечна сезона, тој сепак успеа со Аргентина да ја освои титулата од Копа Америка и според многумина е фаворит за освојување на наградата. Евра смета дека таа треба да заврши кај еден од фудбалерите на Челси, Н’Голо Канте или Жоржињо.

„Според мене, оваа ‘Златна топка’ мора да заврши кај Канте или Жоржињо. Навистина ми се лоши од тоа што му ја даваме постојано на Меси“, вели Евра.

Scroll to Top