Top Sport

Реал „загреани“ за Киеза, Јуве нема намера да го пушти да замине

Шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид влегле во „трка“ за потпис на ѕвездата на Јувентус, Федерико Киеза следното лето, откако Италијанецот помогна да се стигне до титулата од ЕУРО 2020 и ја зголеми својата цена на најмалку 100 милиони евра.

Покрај Реал за него се заинтересирани и премиерлигашите со многу пари, како Челси и Њукасл, но во Италија не планираат да го пуштат лесно да замине бидејќи сметаат дека тој е идниот лидер на „бјанконерите“.

Киеза во моментов ја одработува втората година позајмица од Фиорентина, и се верува дека Јувентус сигурно да ја активира клаузулата од 40 милиони евра за купување за да му дадат тригодишен договор.

Исто така се шпекулира дека Челси во текот на летото се обиделе да го донесат Киеза, иако нивната понуда од 100 милиони евра била одбиена.

Scroll to Top