Пол Погба (31) ќе може повторно да игра фудбал од март 2025 година. Францускиот играч за врска ќе може да тренира од јануари следната година, откако казната за допинг му беше намалена од четири на 18 месеци.
За потсетување, тој беше суспендиран на крајот од минатата сезона бидејќи тестот на кој беше подложен по натпреварот меѓу Удинезе и Јувентус на 20 август 2023 година покажа дека има вишок тестостерон.
Погба напиша дека „кошмарот конечно заврши“ и најави дека ќе му се враи на фудбалот. Иако неговиот договор со Јувентус е со важност до летото 2026 година, клубот не смета на него и се очекува договорот да биде спогодбено раскинат.
Италијанскиот инсајдер Николо Скира откри дека за Французинот се распрашувале богатите саудиски клубови кои во последните години носат европски ѕвезди, како и клубовите од МЛС.
Поранешниот француски репрезентативец и поранешен соиграч на Погба во Јувентус, Патрис Евра (43) има поинаква идеја. Тој сака да му помогне на својот сонародник, па предлага да оди во Марсеј, моментално третопласираниот клуб во францускиот шампионат.
„99 отсто сум убеден дека нема да го видиме Пол повторно во дресот на Јувентус. Тој мора да сврти нова страница. Ќе го повикам Мехди Бенатија (советник во Марсеј) да контактира со Погба. Вратата е отворена за него“, рече Евра во подкастот на поранешниот фудбалер Жером Ротен.
🗨️ @Evra: "À 99%, je pense qu'on ne reverra pas Paul sous les couleurs de la Juve. Il faut tourner la page. Je vais appeler Mehdi Benatia pour qu'il l'appelle car les portes sont ouvertes"
👀 Un milieu Pogba/Rabiot à l'OM ? pic.twitter.com/pzV12pwb3n
— Rothen s'enflamme (@Rothensenflamme) October 4, 2024